Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Не е во прашање офсајд претходно: Еве зошто Германија не доби пенал против Шпанија

Не е во прашање офсајд претходно: Еве зошто Германија не доби пенал против Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија во драматично четвртфинале ја елиминираше Германија со гол во 119. минута.

Меѓутоа она што најмногу се коментира по овој натпревар е ситуацијата од 106. минута кога со рака во шеснаесетникот играше дефанзивецот Марк Кукуреља.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Aналитичарот на „ЕСПН“, Дејл Џонсон ја коментираше одлуката и објасни зошто одлуката била правилна, тврдејќи дека Тејлор и Ирати во ВАР собата строго ги следеле упаттвата на УЕФА пред почетокот на првенството.

„На брифингот пред Европското првенство, УЕФА даде јасни инструкции кога да се досудат пенали за игра со рака. Кога раката е блиску до телото и покажува надолу/вертикално, а тоа е зад телото (како во случајот на Кукуреља) тоа не е пенал“, објасни Џонсон.

Додаде и зошто на натпреварот помеѓу Германија и Данска (2:0) претходно беше досудена најстрога казна.

„Во УЕФА сметаат дека во оваа ситуација раката е бариера и разбирливо зошто навивачите мислат дека двете ситуации се толкувани наназад, но вистина е дека судиите само ги следеа упатствата од УЕФА“, објасни аналитичарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

„Билд“: Ѕвезда на Дортмунд лаже за својата возраст – има 24, а не 20 години!

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во ф…