
Реал Мадрид и Баерн се тимови кои имаат добра трансфер политика, па така сега уште еднаш може да направат нов трансфер.
Имено, во шпанскиот клуб сериозно се заинтересирани за доведување на Жером Боатенг кој е незадоволен од својот статут во екипата на Карло Анчелоти.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Дефанзивецот сака место во стартната постава, но италијанскиот стратег не му го гарантира тоа. Во Реал Мадрид, Боатенг го гледаат како идеална замена за Пепе кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Кралскиот“ клуб како слободен играч.
„Kicker“ пишува дека Реал за германскиот репрезентативец е подготвен да понуди 40 милиони евра.