Реал Мадрид има намера да го донесе Килијан Мбапе во своите редови, но не во зимскиот преоден рок.
Како што навредуваат шпанските медиуми, „кралскиот“ клуб не сака да даде нути еден цент на ПСЖ за овој трансфер, па сака да го донесе Мбапе бесплатно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот на Мбапе истекува на крајот на сезоната, па играчот од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.
„Препукувањата“ на двата клуба страат со месеци, а „светците“ му порачаа на Реал да престане да преговара со играчот без нивна дозвола.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез го нарече ПСЖ „безобразен“ клуб и откри дека во август понудиле за Мбапе 200 милиони евра, но „светците“ ја одбиле понудата.