Дома Топ вести Реал го руши светскиот рекорд: Плаќа 120 милиони за тинејџерот кој го залуде светот!

Реал го руши светскиот рекорд: Плаќа 120 милиони за тинејџерот кој го залуде светот!

Шпанските весници „Марка“ и „АС“ кои се добро информирани за случувањата во Реал Мадрид, пренесуваат дека „кралскиот“ клуб во летниот преоден рок ќе го руши светскиот рекорд и за трансферот на 18-годишнот Мбапе ќе искешира 120 милиони евра.

Тинејџерот од Монако оваа сезона ја залуде Европа со своите брилијантни партии и ефикасни настапи. Тој на 32 натпревари сезонава има постигнато 19 голови, а особено е импресивен неговиот учинок во изминатите претходните 45 денови, кога постигна 11 голови на девет натпревари.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„АС“ пишува дека Монако веќе одбил една понуда приближна до 100 милиони евра, што значи дека Реал ќе мора да понуди повеќе доколку сака да го реализира трансферот на 18-годишникот кого го нарекуваат „новиот Анри“.

Според весникот во Реал се свесни дека ќе мора да понудат најмалку 120 милиони евра, бидејќи интересот за Мбапе е огромен, него го сакаат речиси сите англиски гигант и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…