Напаѓачот Хоселу е четврто засилување за Карло Анчелоти, 33-годишниот напаѓач денес беше промовиран за нов фудбалер на „кралевите“.
Трансферот беше најавен, меѓутоа на претставувањето привлече бројот кој го избра Хоселу. Иако „9-ката“ по заминувањето на Бензема остана слободна, напаѓачот се одлучи за бројот „14“, па навивачите се надеваат дека таа се чува за некое големо име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сонував за ова од првиот ден кога го напуштив Реал, многу сум возбуден. Сакам да му се заблагодарам на Флорентино Перез, Хосе Анхел и Карло Анчелоти за укажаната доверба. Да се носи грбот на Реал Мадрид на градите е најголема чест која може да ја искуси една личност. Хала Мадрид“, порача Хоселу на претставувањето.
Навивачите го сонуваат Мбапе, но тој како што стојат работтие може да дојде наредното лето како слободен играч, додека на Реал потребно му е големо име во нападот и во овој преоден рок, опција е и Хари Кејн.
1️⃣4️⃣ @JoseluMato9 1️⃣4️⃣#JoseluIsBack pic.twitter.com/XZpKWKHyCJ
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 20, 2023