Реал Мадрид планира во следната сезона да ангажира неколку големи засилувања, а сега се појавија информации дека „Кралевите“ внимателно ја следат ситуацијата околу продолжување на договорот помеѓу Стерлинг и Сити.
Стерлинг има уште две години од договорот со Манчестер Сити, а двете страни се уште се далеку од договор за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот Стерлинг ги одложува преговорите, а Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација.
„Кралевите“ и во минатото го следеа Англичанецот, а сега наводно го обновиле интересот и се спремни да започнат преговори.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Реал е спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на Стерлинг.