Сите зборуваат за Мауро Икарди, аргентинскиот фудбалер успеа да постигне четири погодоци во последното коло во Серија А, но и покрај тоа не се најде во најдобрите единаесетммина кои „Газета“ ги одбра по завршувањето на викендот.
Икарди благодарение на својата добра форма и на мета на Реал Мадрид, но имајќи предвид дека неговата откупна клаузула гласи 110 милиони евра, тогаш е јасно дека Реал Мадрид тешко дека ќе се ангажира целосно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму „Газета“ денес објави информација за Икарди во која се споменува дека напаѓачот на Интер ќе ја продолжи соработката со клубот и дека од трансферот во Реал нема ништо.
Покрај тоа, и Роберт Левандовски е фудбалерот кој како што се наведува веќе ги договорил сите услови со Реал Мадрид, а во случај на пристигнување на полскиот интернационалец, за Икарди дефинитивно нема да има место.
Од друга страна, продолжувањето на соработката помеѓу Икарди и Интер би можело наскоро да се случи, а она што е веројатно е дека Интер ќе му понуди на Икарди 7 милиони евра по сезона. Исто така, може да се зголеми и неговата откупна клаузула, а договорот веројатно ќе важи до 2023. година.