Дома Фудбал Реал го донесе да го наследи Модриќ. Сега разочаран бара да замине од Мадрид

Реал го донесе да го наследи Модриќ. Сега разочаран бара да замине од Мадрид

Минатата година Арда Ѓулер пристигна во Реал Мадрид во трансфер кој официјално вреди 20 милиони евра.

Веднаш беше означен како играч кој ќе има голема улога во иднина, како плејмејкер кој ќе го наследи Лука Модриќ. Турскиот играч за врска денеска е се подалеку од ваквите дефиниции.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Минатата година, дедото на Арда потврди за турскиот медиум Demirören Haber Ajansı дека неговиот внук веќе е во контакт со Модриќ и додаде: „Модриќ му се јави на мојот внук и рече дека ќе се пензионира за една година и ќе му го остави бројот 10 во Реал“. Модриќ не се пензионира, оваа сезона игра повеќе од минатата, а Ѓулер не добива вистинска шанса.

Неговиот статус во Реал Мадрид го анализира Марка, која пишува дека младиот играч за врска решил да остане во клубот иако неколку клубови покажале интерес за неговите услуги во текот на летниот преоден рок.

Еден од нив беше клубот од кој дојде. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо лично се јавил во Мадрид да го доведат на позајмица, но зделката не се реализирала.

Сепак, оваа сезона тој одигра само 292 минути преку 11 натпревари.

Сега во приказната повторно се појавија клубовите кои би сакале да го одведат Ѓулер од Мадрид, а Caught Offside пишува дека и тој сака да оди. Англичаните наведуваат дека турскиот играч за врска е крајно разочаран од третманот што го добива и дека тој самиот им се нуди на клубовите.

Двата клуба кои се повеќе се поврзуваат со него се Арсенал и Ливерпул. Двата англиски клуба сакаат да го доведат, како дел од долгорочен проект. Англичаните наведуваат дека премиерлигашите сигурно ќе испратат понуди веќе во зима, а дали Реал ќе размислува да ги прифати е непознато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бара овој човек: Секоја информација е добредојдена

“ГО БАРАМ! Секоја информација е добредојдена”, напиша Роналдо во описот на вид…