Дома Актуелно Реал го доведе за 80 милиони евра, а вчера доби свирежи од навивачите и „АС“ го издвои како најлош на теренот

Реал го доведе за 80 милиони евра, а вчера доби свирежи од навивачите и „АС“ го издвои како најлош на теренот

Реал Мадрид со поразот од Милан со 1:3 се стави во непријатна ситуација во Лигата на шампионите каде што ќе треба да има низа добри резултати за да стигне до место кое води директно во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во овој момент, Реал по некомплетното четврто коло е на 17 место со по две победи и два порази и гол-разлика 9:7.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Од лошо, полошо“, пишува „АС“ во коментарот за натпреварот со потсетување дека Милан пред овој дуел беше дури седми во Серија А.

„Ќе видиме на која поизиција ќе биде Реал кога колото ќе се комплетира, но осмото место ќе му биде далеку“, се наведува во текстот.

Осмата позиција е последна која води директно во осминафиналето.

Големи критики одат за Орлиен Чуамени кој доби и свирежи во натпреварот кога Анчелоти одлучи да го замени. Но, исто така и „АС“ го издвои како најлош. Чуамени за Реал одигра 103 натпревари во кои постигна три гола и додаде пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…