Дома Топ вести Реал ги гаси алармите во клубот со ГОЛЕМО засилување

Реал ги гаси алармите во клубот со ГОЛЕМО засилување

Манчестер Сити утринава го победи Реал Мадрид со високи 4:1 во рамките на интернационалниот куп во Лос Анџелес, поради што Флорентино Перез е принуден да ја спасува кожата.

Осудите пристигнаа на сметката на Перез и Зидан, бидејќи тежок пораз им создаде тимот предводен од Пеп Гвардиола, додека социјалните мрежи се преполни за дисхармонијата во тимот на Реал. Особено со тоа што за предсезонското Ел Класико останаа уште само три дена, а помалку од две недели до Супер Купот, кој Реал го игра во Скопје против Јунајтед (кој исто така ги победи минатата недела).


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Шпанските весници пишуваат дека следните четири дена Реал ќе ги засили напорите за доведување на Килијан Мбапе, а трансферот, како што претходно пишувавме, ќе биде вреден помеѓу 160 и 180 милиони евра. Тоа ќе значи дека за двајца играчи на Реал позицијата во тимот ќе биде загрозена. Бензема и Бејл се првите на „листата за заминување“.

Велшанецот добар дел од минатата сезона беше повреден, обвинувајќи го дека нема повеќе ритам во играта, а повредата на мускулот која ја стекнува многу често, предизвикува загриженост, бидејќи има само 28 години.

Случајот со Карим Бензема е поинаков, со оглед на тоа дека тој полни 30 години во декември, и дека сега не е така смртоносен како претходната сезона. Перез и Зидан мораат со огромни напори да го доведат Мбапе, за да го растеретат Роналдо, кој без никакво сомнение повторно ќе биде првиот играч на Реал и моторот на оваа екипа.

Весниците како „Marca“, „Don Balon“ и „Diario Gоl“ најавуваат големи промени во Реал до 8. август, кога на распоредот е натпреварот во Супер Купот на Европа кој се игра во нашиот главен град.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјави дека сака да игра за Македонија, а сега беше херој на својот тим со гол од слободен удар во 93 минута 🎥

Андреј Тодороски продолжува со добрата форма во српската Суперлига во дресот на Спартак. Ф…