Како и што беше најавено, Кристиано Роналдо денес и официјално стави потпис на нов договор со Реал Мадрид и се обврза на верност кон „кралскиот“ клуб до 2021 година кога ќе има 36 години.
Роналдо со новиот договор стана најплатен фудбалер во светот и ќе заработува 21 милион евра по сезона, но истакна дека ова нема да биде неговиот последен договор бидејќи планира да игра до 41 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сакам да изразам благодарност до Реал како клуб, Мадрид како град, до соиграчите, семејство и сите луѓе кои ми помогнаа да стигнам до ова ниво. Реал е клубот на мојот живот, на моето срце, сега потпишав договор на уште пет години, но верувам дека ова не е последниот мој договор. Тоа нека им биде јасно на сите, јас сакам да играм до својата 41-ва година. Во наредните пет ќе продолжам во истиот ритам како и до сега“, изјави Роналдо.
Роналдо на потпишувањето на договорот беше во друштво со неговата мајка Долорес и претседателот Флорентино Перез.
„Ти си еден од најдобрите играчи кои Реал ги имал во својата историја. Ти си симбол на најголемиот клуб на планетата. Ти си икона на овој клуб и времето овде ќе се рачуна пред и после Кристиано Роналдо“, истакна Перез.