Дома Фудбал Останато Реал во финале на Светското клупско првенство🎥

Реал во финале на Светското клупско првенство🎥

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид без поголеми проблеми го совлада Ал Ахли и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство.

Тимот на Карло Анчелоти иако без неколку стандардни првотимци, сепак покажа дека е многу поквалитетен од египетскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Винисиус го отвори резултатот во 42-та минута, а Валверде на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0.

Египетскиот клуб се врати во игра во 65-та минута со гол од пенал на Малуи, „кралевите“ преку Модриќ зголемија на 3:1, а конечните 4:1 беа дело на Родриго во судиското продолжение.

Реал Мадрид во финалето ќе игра против Ал Хилал, а Ал Ахли со Фламенго ќе се бори за третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најави ли ФФМ големо засилување во нападот за баражот со Данска?

Дени Мусовски кој е Македонец кој долги години живее во САД како што стојат работите изгле…