Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака во летниот преоден рок да ја засили одбраната.




Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Виљареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.




Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е стандарден шпански репрезентативец.




Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда, но Виљареал не сака да ја пушти својата ѕвезда за помалку од 50 милиони евра.