Дома Фудбал Реал вечерва ќе игра во состав со кој тешко дека некогаш повторно ќе стартува

Реал вечерва ќе игра во состав со кој тешко дека некогаш повторно ќе стартува

Реал Мадрид вечерва игра на гостински терен против Ваљадолид во натпреварот од 24. коло во шпанската Ла Лига.

Зинедин Зидан пред овој натпревар е во големи проблеми затоа што листата на повредени кај „кралевите“ е се подолга. Вчера беше потврдено и дека Карим Бензема има проблеми. Покрај Бензема надвор од тимот се уште: Марсело, Карвахал, Милитао, Рамос, Валверде и Одраизола.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Јасно е дека Зидан ќе мора вечерва да излезе со комбиниран состав и „Марка“ најавува дека Реал вечерва ќе игра во состав во каков што многу веројатно повеќе никогаш нема да почне еден натпревар.

Во нападот изгледа ќе игра Мариано Диаз кого Зидан го отпиша пред повеќе од една година, ќе биде изненадување ако и овој пат не игра затоа што тој е единствениот напаѓач на кој може да смета Зидан за овој дуел со Ваљадолид.

Составот на Реал кој се најавува изгледа вака: Куртоа, Лукас, Варан, Начо, Менди, Касемиро, Модриќ, Крос, Асенсио, Винисиус, Мариано Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓокерес пристигнува во Арсенал: Ќе го носи легендарниот број на дрес

Виктор Ѓокерес пристигнува во Лондон, каде што денеска ќе ги заврши медицинските прегледи …