Бура од реакции во македонската јавност предизвика вчерашната одлука на МОК за суспензија на Борко Ристовски поради „клевети и навреди“ кон претседателот Даниел Димевски.
Во јавноста се огласи и поранешната атлетска репрезентативка и рекордерка на Македонија на полумаратон и во 10.000 метри, Весна Кираџиева. Според неа МОК нема никакви ингеренции во спортот, а уште помалку да дели суспензии.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нејзиното обраќање ви го пренесуваме во целост:
„Распоред на ингеренции во спорт се АМС, Федерации, клубови; суспензија може да изречат федерации или клубови, дефинитивно не МОК, која е некој странична постава со исклучива надлежност за олимписки кандидати и нивно стипендирање (може само олимписка стипендија да му укине, ама и тоа не на овој начин). МОК не е суд, па да одлучува за тоа дали некоја изјава е клевета или не, па згора на тоа да си носи судови и санкции кои не се ни во нивна надлежност.
Со ова темпо на однесување ‘ќе си искуцаме ние одлука и мора да се реализира’, утре ќе си искуца кривична одговорност и ќе ја достави како валидна – крајна неписменост. Статутот и деловниците на МОК е за нивна внатрешна употреба, не за национална. Има надлежен суд и доколку Димевски смета дека нечија изјава е лага и клевета, откако по судски пат ќе се разреши случајот, и само доколку се испостави дека се работи за клевета со судска одлука, после може да си поднесе жалба и преку АМС и федерацијата под чие име настапува спортистот, да бара санкции. Значи, да бара, што не значи дека мора и да му се одобри жалбата“, напиша Кираџиева.
Ќе потсетиме, Ристовски најави прес-конференција за во текот наутрешниот ден во која ќе ги објасни своите следни чекори.