Дома Фудбал Лига на шампиони Реакцијата на Меси после промашениот зицер на Дембеле (ВИДЕО)

Реакцијата на Меси после промашениот зицер на Дембеле (ВИДЕО)

Убедливиот триумф на Барселона над Ливерпул денес е главна тема во спортските медиуми.

Иако Ливерпул играше добро на крајот мораше да го напушти „Ноу Камп“ со пораз од 3:0. Има и реванш на „Енфилд“ но на Ливерпул ќе му биде навистина тешко да ја надополни огромната негатива.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Победата на Барселона можеше да биде и поубедлива ако Дембеле го реализираше зицерот во 96-тата минута.

После корнерот на Ливерпул Барселона повлече брза контра. Меси убаво додаде до Французинот кој не успеа да погоди од идеална позиција. Во тој момент беше забележана реакцијата на Меси кој легна тревникот.

Меси изгледаше како да не може да поверува што промаши Дембеле.

„Дембеле имаше огромна шанса за да победиме со 4:0, тој гол ќе беше и тоа како важен пред реваншот, но не е ништо готово. Одиме на тешко гостување, но среќни сме бидејќи одигравме одлично. Изгледавме малку загушено бидејќи влеговме во нивниот начин на игра на контранапади. Сепак, најважно е што тие не постигнаа гол иако не притискаа и создаваа шанси“, изјави Меси после натпреварот.

Даде коментар Меси и за неговиот гол од слободен удар за водство од 3:0.

„Беше навистина спектакуларен, малко имав и среќа“, скромно изјави аргентинскиот мајстор.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…