Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.
Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.
Оваа сезона Рашфорд не игра во добра форма и го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Рангник.
Поради тоа размислува да го напушти клубот, но се ќе зависи од тоа кој ќе биде нов тренер на „црвените ѓаволи“.