Дома Фудбал Раскол во Реал Мадрид: Фудбалерите го губат меѓусебното трпение

Раскол во Реал Мадрид: Фудбалерите го губат меѓусебното трпение

Џирона славеше против Реал Мадрид со 2:1 по голем пресврт, а овој резултат ги наведе гостинските фудбалери да влезат во вербален дуел.

Што се случи?

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Забележан е момент како Марсело и Модриќ се расправаат, упатени беа остри зборови и нема сомнеж дека тензиите растат од ден во ден.

Имено, Марсело направи грешка кај голот на Џирона, а Лука Модриќ го критикуваше поради тоа.

„Велиш дека зае*ав? А ти не?“, му се обрати Марсело на Лука.

Не се само овие тензии забележани, Кристијано Роналдо се налути на Варан и Рамос, кога обајцата дојдоа на истото место како и тој за време на прекинот, а Иско гестикулираше кон Бензема и тоа во фрустрирачка нота.

Реал Мадрид сега гостува кај Тотенхем во следниот меч од Лигата на шампионите, а играчите без неколку стандардни првотимци, бидејќи Бејл и Навас се повредени, додека под знак прашање се и Варан и Иско.

Покрај нив, Дани Карвахал веќе одамна има проблеми, се врати на тренинзите, но и натаму не е целосно подготвен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…