Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.
23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Приоритет на „црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Рангник го препорачува токму Нкунку.
Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.
Рангник одлично го познава и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра како замена за Кавани, кој на крајот на сезоната сигурно заминува.
Нкунку оваа сезона постигна 19 гола и 13 асистенции на 31 меч, па Лајпциг сигурно нема лесно да се откаже од него и за неговата слобода бара 50 милиони евра.