Дома Фудбал Англија Рангник: Немам одговор на шпекулациите за Покетино

Рангник: Немам одговор на шпекулациите за Покетино

Времениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник немаше коментар на шпекулациите кои го поврзуваат Маурисио Покетино со клупата на „Олд Трафорд“.

Француските медиуми утрово објавија дека Покетино на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед го сакаше Аргентинецот уште во декември, па Покетино е најсериозен кандидат да биде новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ од следната сезона.

„Немам идеја што би можел да каѓам на таа тема. Мојот фокус во моментов е да ги тренирам овие играчи. Ни претстојат натпревари во три различни купови. Не можам да знам што ќе се случи по крајот на сезоната, концентриран сум на следните натпревари. Ќе се обидеме да бидеме успешни во наредните седмици и месеци“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…