Дома Фудбал Англија Рангник: Мегваер останува наш капитен

Рангник: Мегваер останува наш капитен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ги демантираше информациите кои се појавија во последните денови дека ќе му биде одземена капитенската лента на Хари Мегваер.

Рангник изјави дека одлуката за тоа кој ќе биде капитен е целосно негова, нема влијание од Роналдо и не гледа причина зошто да му биде одземена лентата на Мегваер.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Можам да кажам дека тоа се чисти измислици. Никогаш не сум зборувал со никој од играчите за смена на капитенот. Јас решавам кој ќе биде капитен и нема потреба да зборувам со никого за тоа. Хари Мегваер е нашиот капитен и ќе остане“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Касано: Роналдо не знае да игра фудбал

Антонио Касано е познат по тоа дека нема влакна на јазикот и по своите контроверзни изјави…