Дома Фудбал Англија Рангник за незадоволството на Роналдо: Тимот е поважен од секој индивидуалец

Рангник за незадоволството на Роналдо: Тимот е поважен од секој индивидуалец

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник уште еднаш ја коментираше темата за реакцијата на Кристиано Роналдо после неговата смена на мечот со Брентфорд.

„Не треба да се крева голема врева околу тоа. Му ја објаснив одлуката уште за време на натпреварот. Му кажав дека работата на менаџерот е да му помогне на тимот да победи. Тој ме праша зошто не сум сменил некој од помладите фудбалери. Но, во фудбалот треба да се носат одлуки во вистински момент“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Играч како Роналдо не сака да биде заменет, па реакцијата му беше емотивна. Тоа не е проблем. Тимот е поважен од секој фудбалер, независно за кого станува збор“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан најде ново засилување за Модриќ и друштвото

Младиот напаѓач на францускиот прволигаш Анжер,Сидик Шериф (19) е на чекор до трансфер во …