Дома Фудбал Рамос: Не сме први поради судиите, Барса во своите редови нека го бара проблемот

Рамос: Не сме први поради судиите, Барса во своите редови нека го бара проблемот

Серхио Рамос по рестартот на сезоната во Ла Лига се покажа како вистински лидер на Реал Мадрид, вчера одново Рамос беше тој кој ја направи разликата.

„Кралевите“ против Атлетик Билбао со минимален резултат победија втор натпревар во низа, а втор пат човекот на одлука беше Рамос. И оваа победа на Реал не помина без полемики за ВАР системот, нешто за кое многу се пишува во Ла Лига во овој период.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Рамос по натпреварот на „Сан Мамес“ се огласи на оваа тема:

„Ла Лига нема да ја освоиме само сезоната. Оние кои не успеаа да ги остварат своите цели вината треба да си ја бараат во своите редови. Судиите не направија ништо клучно, ние сами ја правиме разликата на теренот“, изјави Рамос и така испрати директна провокација до Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…