Серхио Рамос вчера и официјално се прости од Реал Мадрид.
Овој искусен дефанзивец во дресот на кралскиот клуб играше цели 16 години и се очекјуваше на „Сантијаго Бернабеу“ да ја заврши кариерата, но тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамос и Реал преговараа со месеци околу новвиот догово, но на крајот не постигнаа договор. Реал му нудеше едногодишен договор и многу помала плата, но тој ја одби.
Шпанскиот фудбалер на бараше од Флорентино Перез договор на две години и истата плата која ја имаше, но „кралевите“ не се согласија, па затоа ќе бара нов клуб. Сигурно дека нема да му биде проблем да пронајде нов ангажман затоа што некои европски гиганти веќе го контактираа.
„Тутомеркато“ објави дека Милан пред неколку недели одржал состанок со Рамос, но се останало на тоа затоа што Малдини се откажал од преговорите.
Главна причина за откажувањето на Малдини била причината што Рамос побарал договор на две години и плата од 15 милиони евра годишно, но и бонус од 20 милиони евра затоа што во клубот би пристигнал без оштета. Во Милан немале намера да преговараат после ваквите барања на шпанскиот стопер.