Дома Трансфер зона Рамадани отпатува за Германија – го носи Ребиќ во Баерн Минхен

Рамадани отпатува за Германија – го носи Ребиќ во Баерн Минхен

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Фали Рамадани денес отпатува во Германија каде ќе работи на трансферот на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ.

Ребиќ одигра фантастичен Мундијал и го привлече вниманието на многу европси гиганти, а најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Крилниот напаѓач пред неколку месеци беше откупен од страна на Ајнтрахт за скромни 4 милиони евра, а во моментов неговата цена изнесува околу 40-50 милиони евра.

Фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен бидејќи новиот тренер Нико Ковач одлично го познава својот сонародник и сака да го донесе на „Алијанц Арена“.

Фали Рамадани беше во Милано каде посредуваше за трансферот на Ругани од Јувентус во Челзи, а сега отпатува во Германија да го договори трансферот на Ребиќ во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…