Ракометната федерација на Македонија е без селектор откако кормилото го напушти Шпанецот Раул Гонзалез со цел целосно да се посвети на клупскиот ангажман во Пари Сен Жермен.
Пред неколку дена македонската ракометна федерација распиша оглас на кој се пријавиле шест кандидати. На крајот за нов селектор на Македонија е избран тренерот на Металург, Данило Брестовац.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
РФМ закажа прес-конференција за во недела во 12 часот на која Брестовац ќе биде промовиран за нов селектор.
Прес конференцијата ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“.
Единствен проблем за Брестовац е претходната најава на РФМ дека новиот селектор нема да има клупски ангажман. Металург би можел да го ослободи Брестовав од обврските, но кога актуелната сезона ќе заврши.