Македонската ракометна репрезентација доби дополнителна мотивација пред почетокот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Ракометната федерација на Македонија најави дека ќе додели премија од 30.000 до 60.000 за пласман во втората фаза во зависност од резултатите во првата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со пласман остварен со една победа ракометарите ќе добијат 30.000 евра, со две победи 45.000 евра, а три победи и прво место во групата би донеле 60.00 евра.
На Светското првенство Македонија ќе игра во група со Норвешка, Холандија и Аргентина на 13-ти, 15-ти и 17-ти. Првиот натпревар го играме во петок од 20:30 часот.