Дома Фудбал Раководството на Барса не е задоволно од однесувањето на Куман

Раководството на Барса не е задоволно од однесувањето на Куман

Раководството на Барселона не е задоволно од однесувањето на тренерот Роналд Куман после поразот во Ел Класико, пренесува „Кадена Сер“.

После скоро секој пораз на Каталонците Куман бара изговор и го обвинува ВАР системот и судиите. Директорите сметаат дека таквото однесување се одразува негативно на имиџот на клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Куман ги обвини судиите и ВАР системот во шест од седумте порази на Барселона во Примера. Според раководството еден тренер не треба да се однесува како навивач и треба да даде детална анализа после натпревар.

Барселона не е задоволна и наскоро ќе има состанок со тренерот, кој треба да ги анализира и своите грешки при лошите резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Јунајтед ја завршува кариерата, сега се подготвува за тренерска лиценца

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, објави дека ја завршува својата професионалн…