Дома Фудбал Ракитиќ: Не е нормално што чекав 31 коло за првиот гол

Ракитиќ: Не е нормално што чекав 31 коло за првиот гол

Барселона после подолго време повторно го слави Иван Ракитиќ. Хрватскиот репрезентативец вчера го постигнап рвиот гол после 15 месеци пауза и така обезбеди победа на Барселона од 1:0 против Атлетик.

После натпреварот 32 годишниот Ракитиќ откри дека е фрустриран што морал да чека до 31 коло од првенството за да го постигне првиот гол во сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да морав да чекам 31 коло за да го прославам првиот гол во сезоната…Тоа не е нормално…Но среќен сум што тој гол на тимот донесе важни три бода. Натпреварот беше тежок. Атлетик играше одлично, не беше лесно. Но, ние искористивме една ситуација и успеавме да победиме. Тие добро се бранеа, не ни оставаа премногу простор. Мораме да играме побрзо“, изјави Ракитиќ.

Сезонава Ракитиќ настапи само на 12 натпревари започна во првите 11. Вчера влезе од клупата за резерви и го реши натпреварот. Во преостанатите 1600 минути оваа сезона собра три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…