Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ нема дилеми околу тоа дали сезоната треба да продолжи.
Иако ситуацијата во Шпанија е исклучително тешка кога пандемијата од коронавирусот е во прашања, ситуацијата полека се подобрува и се очекува фудбалот да се врати кон средината на јуни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога во прашање е фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ тој е спремен да го превземе секој ризик за сезоната да продолжи.
„Јас сакам да играм. Мораме да се обидеме да се вратиме со мерките за претпализвост, но мораме да знаеме дека никаде не може да бидеме 100% сигурни. Но, сите работници ризикуваат. Работникот во супермаркет има повеќе шанси да се зарази, ако тие ризикуваат, сакам и јас да ризикувам. Мораме да им овозможиме на луѓето да уживаат во фудбалот.
Хрватскиот фудбалер ова лето би можел да ја напушти Барселона чиј член е од 2014 година, а за неговите услуги се интересираат клубови од Италија и Англија.
Сепак, шпанските медиуми тврдат дека тој би можел да се врати во Севиља и дека тоа е најверојатна опција.
Неодамна во интервју за шпанските медиуми, Хрватот јасно кажа дека не е задоволен од својот статус во клубот.
„Не ме повреди тоа што не играм, туку односот кон мене. Минатата сезона беше моја најдобра од шестте кои ги играв во Барселона, но и тогаш се настојуваше да си заминам и од тоа бев изненаден. Потоа дојдоа лошите резултати, но на мене не се сметаше и тоа ме повреди. Свесен сум за ситуацијата и статусот, но не сум вреќа со компири со која можат да прават што сакаат“.