Со месеци наназад се пишува дека Иван Ракитиќ ќе ја напушти Барселона, но тој упорно тврди дека сака да остане до крајот на договорот кој му истекува во 2021 година.
„Се навикнав моето име да се појавува во медиумите. Тоа не е ништо ново, се случува веќе 2-3 години. Меѓутоа кога јас ќе потпишам договор сакам да го одработам до крај, но исто така сакам и да играм. Тренерот и претседателот не разговарале со мене и не ми кажале дека не сум им потребен. Сакам да размислувам само за Барселона, работите може да се променат ако пристигне некоја добра понуда“, изјави Ракитиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Хрватот не му се допаѓа тоа што никој од клубот не ги демантира шпекулациите.
„Се надевав дека не кој од клубот ќе се огласи и ќе каже: Ракитиќ останува! Меѓутоа Бартомеу не ми кажал ништо, можеби ако ова го слуша ќе ми се јави. Со мене секогаш може да разговара, би било убаво да ме контактира“.
Ракитиќ се поврзуваше со враќање во Севиља, па ги прокоментира и ваквите шпекулации.
„Дали по завршувањето на кариерата или и пред тоа, јас и моето семејство ќе живееме во Севиља. Тоа е сигурно“, порача Ракитиќ.