Ако можеме да му веруваме на италијанскиот „Раи Спорт“ екипата на Јувентус следната сезона ќе игра без Марио Манџукиќ.
Италијанците пишуваат дека Хрватот ќе го напушти клубот од Торино после три години. Причината според, „Раи“ е тоа што Манџукиќ повеќе не сака да игра на крилната позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Заминувањето на Марио Манџукиќ од Јувентус на крајот на оваа сезона е завршена работа, без оглед на тоа што тој е еден од најважните играчи на Масимилијано Алегри“, пишува „Раи Спорт“.
Истиот извор наведува дека 31 годишниот Манџукиќ добил понуда од Кина која не може да ја одби. Наводно, станува збор за договор вреден 20 милиони евра по сезона.
И претходно Манџукиќ се поврузваше со заминување од Јувентус, но тогаш се споменуваа Тотенхем и Милан како потенцијални нови дестинации.