Дома Фудбал Англија Раиола „удри“ по Јунајтед: Клубот не одговара на амбициите на Погба

Раиола „удри“ по Јунајтед: Клубот не одговара на амбициите на Погба

Контроверзниот агент, Мино Раиола повторно намекна за трансфер на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, бидејќи тврди дека клубот не одговара на амбициите на играчот.

Погба уште во летниот преоден рок сакаше да го напушти клубот, а оваа сезона се бори со серија на повреди и веќе подолго време е надвор од терените.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нема ништо конкретно во моментов. Единственото нешто кое е сигурно е дека Пол не е среќен, а не е среќен затоа што не игра. Тој се рехабилитира од повреда, но кога не игра, нормално е да не биде среќен“, изјави Раиола.

„Да бидеме искрени, сите знаат дека амбициите на Погба не одговараат со моменталните амбиции на клубот. Очекувам моите играчи и клубовите каде што се да бидат среќни. Во спротивно јас сум тука да најдам соодветно решение“, додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …