Ерлинг Халанд вчера потпиша за Борусија Дортмунд, но овој напаѓач имал можност да бира каде да ја продолжи кариерата.
После импресивната полусезона во Салзбург Халанд добил бројни понуди за на крајот со неговиот менаџер Мино Раиола да ја изберат Борусија Дортмунд за нова дестинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Токму Раиола сега откри дека за Халанд се бореле дури 12 клубови.
„Сите зборуваат за Манчестер Јунајтед, но Халанд сакаа да го доведат 12 клубови. Имавме преговори со сите. На крајот играчот е тој кој има најдобро чуство каде треба да продолжи. Не разбирам зошто во Англија толку многу се зборува зошто Халанд ја избрал Борусија. Тој е млад игра и има многу време пред него во кариерата, има време и за Премиер лигата. Во овој момент едноставно не чуствуваше дека е време за трансфер таму. Веруваме дека Борусија е најдобра опција за млад и талентиран играч“, објасни Раиола.
Халанд во Германија пристигна за само 25 милиони евра и во првиот дел од сезоната постигна 28 голови и додаде седум асистенции на 22 натпревари.