Дома Топ вести Раиола отворено: Јунајтед го доведе Погба за „џабе“, Реал нудеше 200 милиони евра – одлучила клазулата!

Раиола отворено: Јунајтед го доведе Погба за „џабе“, Реал нудеше 200 милиони евра – одлучила клазулата!

Манчестер Јунајтед за Погба на Јувентус му плати 105 милиони и Французинот во тој момент беше најскап фудбалер во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Погба ја игра втората сезона, но неговата форма е под сите очекувања и веќе на лето се шпекулира дека би можел да го напушти Манчестер Јунајтед. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.

Французинот во редовите на „ѓаволите“ пристигна во 2016 година, а Мино Раиола смета дека Јунајтед поминал дури и евтино.

„Во време кога телевизиските права растат фудбалерите заслужуваат да бидат повеќе платени. Јас за моите клиенти никогаш не барам повеќе од она што тие навистина го заслужуваат. Манчестер Јунајтед за Пол Погба во 2016 година плати 100 милиони евра, но според мене тоа беше малку, во тој момент Погба вредеше и 200 милиони евра, го доведоа навистина евтино“.

„Јунајтед имаше голема предност поради клазулата во договорот кој тој ја имаше со Јувентус – Погба одлучуваше каде ќе игра, а не Јувентус. Реал беше спремен да понуди 200 милиони, но тој сакаше само во Јунајтед кој на овој начин успеа да спаси 100 милиони евра“, откри Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…