Дома Трансфер зона Раиола го носи голманот на ПСЖ во Интер

Раиола го носи голманот на ПСЖ во Интер

Како што пренесуваат италијанските медиуми Мино Раиола во текот на летниот преоден рок го понудил голманот на ПСЖ, Алфонс Ареола на милански Интер.

Доаѓањето на Џиџи Буфон го натера голманот на франциската репрезентација да размисли околу својата иднина, па беше на чекот од трансфер во Челзи, но на крајот „сините“ се одлучија за Кепа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сега е откриено дека Ареола му бил понуден и на Интер, но „нероаѕурите“ го одбиле трансферот бидејќи имаат доверба во Хандановиќ.

Сепак, Словенецот има 34 години и на „Џузепе Меаца“ веќе размислуваат за негова замена, а тоа може да биде токму голманот на ПСЖ.

Наводно раководството на Интер и Раиола се договориле да разговараат за трансферот наредното лето, но прашање е дали тогаш ПСЖ ќе сака да се откаже од 25-годишниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…