Дома Фудбал Англија Раиола го нападна Сколс поради Погба: Зборуваш за да не бидеш заборавен!

Раиола го нападна Сколс поради Погба: Зборуваш за да не бидеш заборавен!

Пол Погба веќе подолго време е главна тема во Манчестер бидејќи Французинот сака да го напушти „Олд Трафорд“.

Легендата на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс изјави дека Погба може слободно да замине и верува дека воопшто нема да се почуствува неговото отсуство во екипата бидејќи според него Французинот не е лидер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После ова се огласи контроверзниот Мино Раиола кој жестоко го нападна Пол Сколс.

„Пол Сколс би требало да биде нов спортски директор на Јунајтед и да го советува Вудвард да го продаде Погба. Тоа би биле многу ноќи без сон додека најдат нов клуб на Погба“, напиша Мино Раиола на Твитер.

„Постојат луѓе кои зборуваат од страв за да не бидат заборавени. Таков е Пол Сколс, ликот не би препознал лидер ни во случај пред него да застане Сер Винстон Черчил“ додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да г…