Дома Трансфер зона Раиола го гради мостот, дали истиот значи двојно „предавство“ за Јувентус?!

Раиола го гради мостот, дали истиот значи двојно „предавство“ за Јувентус?!

Пол Погба е во центарот на вниманието откако се врати во Манчестер Јунајтед на голема врата пред две години во трансфер вреден 105 милиони евра.

Ниту тој трансфер не можеше да ги намали шпекулациите за неговата следна средина, па така се споменуваа бројни европски екипи како Барселона, Реал, па дури и кам бек во Јувентус.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа, Тутоспорт тврди дека Французинот би можел да се врати во Италија, но не во Торино, туку во Милано.

Клучниот човек во целата приказна е некогашниот оперативец на „Старата дама“, Бепе Марота кој наскоро би требало и официјално да стане директор на Интер, а кој има многу добар однос со Погба и неговиот менаџер Раиола.

На Интер не му се заканува опасност од прекршување на финансискиот фер плеј, влезе во Лигата на шампионите и ќе заработи сериозна сума на пари, но вистинското прашање е дали тоа ќе биде доволно да го придобијат еден од најскапите фудбалери на светот.

Погба има проблеми со Жозе Мурињо колку и луѓе во клубот да пробуваат тоа да го сокријат, останува да се види кој од нив прв ќе го напушти Манчестер.

Доколку, тоа го направи Фрнацузинот, дали тоа ќе значи двојно „предавство“ за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…