Дома Фудбал Останато Раиола: Во САД бараа да ги истражуваат колената на Ибра, немаа видено такво нешто

Раиола: Во САД бараа да ги истражуваат колената на Ибра, немаа видено такво нешто

Златан Ибрахимовиќ во овој момент е еден од најспремните играчи во светот иако има 39 години.

Шведскиот ветеран е вистински лидер на Милан и од недела во недела е се подобар и подобар. Ибра веќе постигна седум голови во Серија А, два пати ја тресеше мрежата во Лигата на Европа и неверојатно е тоа како може да игра на такво ниво во тие години на секои три-четири дена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога Стефан Пиоли го замени вчера против Лил, Ибрахимовиќ беше лут и разочаран од таквата одлука, толку е спремен што без проблем може да игра 90 минути на секој меч.

Неговиот агент Мино Раиола сега откри дека докторите во САД каде што Ибрахимовиќ играше за Лос Анџелес Галакси биле изненадени кога ги виделе неговите колена.

„Успеа да ги пробие сите прогнози и да игра фудбал во рекорден рок после тешката повреда. Докторите од Универзитетот во САД не може да веруваат. Има колено како да не играл 20 години фудбал. Сите беа изненадени и зборуваа дека такво нешто не виделе претходно. Од Златан бараа кога ќе ја заврши кариерата да оди на испитувања за дополнително да го истражуваат него и неговото тело“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…