Изјавата на извршниот директор на Борисија Дортмунд, Јоаким Вацке го налути менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Раиола, пренесува „АС“.
Во интервјуто Вацке демантираше дека има договор помеѓу двете страни за продажба на фудбалерот следното лето, иако познато е дека Халанд има откупна клаузула која ќе биде активна од јуни 2022 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сите овие гласини дека треба да го продадеме Ерлинг се чиста глупост. Постојано слушам такви приказни, читам разни шпекулации, а единствената вистина е дека самиот Ерлинг ќе одлучи“, изјави неодамна Вацке.
Токму овие зборови го налутиле Раиола, кој влегол во конфликт со раководството на „милионерите“. Тој смета дека веќе има усмен договор со Дортмунд за продажба на Халанд следното лето.