Дома Трансфер зона РАЗОЧАРУВАЊЕ помеѓу „топџиите“ – Венгер спрема 35 милиони фунти за напаѓач од „фенерџијата“!

РАЗОЧАРУВАЊЕ помеѓу „топџиите“ – Венгер спрема 35 милиони фунти за напаѓач од „фенерџијата“!

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал пронајде замена за Алексис Санчез кој скоро сигурно заминува, само прашање на време е кога, во јануари или на лето.

Но, последното име кое се споменува реномираниот англиски весник „Тhe Sun“ целосно ги разочара фановите на овој клуб. Во прашање верувале или не е фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Истиот извор наведува дека Венгер започнал да ја планира иднината без Санчез кој сакаше да замине и ова лето. Гласините за трансфер во Манчестер Сити се повторно актуелни. Да потсетиме, причината поради која Санчез остана во Арсенал е одбивањето на Тома Лемар во последниот ден од преодниот рок да се пресели на „Емирати“.

Меѓутоам сапуницата конечно би можела да го добие својот епилог, а тоа занчи дека на Арсенал ќе му биде потребен напаѓач, прв избор би можел да биде како што кажавме Заха.

Но, Заха во досегашниот дел постигна само два погодоци, а неговиот тим е закован на дното на Премиер лигата, па сигурно дека првите реакции на „топџиите“ не беа ниту малку оптимистички и доведувањето на Заха го сметаат за чекор назад.

За крај се наведува дека Арсенал за Заха наводно е спремен да плати дури 35 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…