Дома Фудбал Италија Разбојници го ограбиле Смолинг пред сопругата и синот

Разбојници го ограбиле Смолинг пред сопругата и синот

Фудбалерот Крис Смолинг утринава бил ограбен во неговиот дом пред неговата сопруга и двегодишното дете, пренесува „Газета дело спорт“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тројца вооружени разбојници упаднале во домот на англискиот фудбалер и го принудиле да го отвори семејниот сеф, од каде разбојниците однеле накит и други скапоцености.

Крадците му одзеле Ролекс, накит и други скапоцени предмети кои ги имал.

Откако крадците си заминале, Смолинг го пријавил случајот во полиција која го истражува случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карегер: Алонсо доби отказ од Реал поради Винисиус

ЧАБИ АЛОНСО дебитираше како тренер на Челси со победа од 3:2 против Фулам, клуб кој исто т…