Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички реагира на одлуката да се дадат пари на Вардар: Градот треба да се грижи подеднакво за сите клубови

Работнички реагира на одлуката да се дадат пари на Вардар: Градот треба да се грижи подеднакво за сите клубови

Фудбалскиот клуб Работнички реагира на одлуката на Советот на Град Скопје за финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар, како помош на клубот за исплата на задоцнети плати за фудбалерите.

Во основа, ФК Работнички нема ништо против помошта што Град Скопје му ја доделува на ФК Вардар, но потенцира дека се заборавени останатите клубови од главниот град.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ФК Работнички е фудбалски бренд од метрополата и Македонија воопшто, клуб формиран далечната 1937 година кој гордо го носи епитетот Херојот од Дебар Маало. Оттаму сметаме дека Градот Скопје треба да смогне сили и да најде начин да ги помага и другите клубови, посебно прволигашите кои имаат и европско педигре.

Во овој тежок период и останатите фудбалски клубови во Македонија имаат тешкотии во финансирањето, а ФК Работнички е единствениот клуб од Скопје кој своите натпревари ги игра на арената „Тодор Проески“ и одвојува значителни средства за таа намена.

Би сакале да напоменеме дека ФК Работнички не е против одлуката да биде помогнат ФК Вардар, но не смее да биде само еден клуб привилегиран на сметка на сите останати. ФК Работнички во последните 15 години нема добиено никаква помош од Градот Скопје или било која друга градска институција“, вели извршниот директор на ФК Работнички, Иван Поповски.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…