Дома Фудбал Германија Пукна љубовта: Милер сака да си замине после 11 години!

Пукна љубовта: Милер сака да си замине после 11 години!

Aсот на Баерн е разочаран од третманот кај Нико Ковач.

Се шпекулираше за ова многу во последните недели, а од сега е и јавно – Томас Милер е незадоволен во Баерн и сака да замине после 11 години!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои се што можеше да се освои не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач.

Само 66 минути на последните пет натпревари  е премалку за поранешниот репрезентативец на Германија. Иако Милер не го критикуваше Ковач во медиумите, оваа вест ја објави „Билд“, а овој медиум скоро и да не греши кога е германскиот фудбал во прашање, посебно добро се запозанени со случувањата во Баерн.

„Билд“ пишува дека 30 годишниот Милер е спремен да го напушти Минхен нареднтоо лето ако нешто не се промени во наредните недели. Актуелниот договор на Милер му истекува летото 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднес…