Дома Топ вести Пукна уште една трансфер БОМБА: Ливерпул го соборува рекордот и се засилува со најголемата желба на Клоп

Пукна уште една трансфер БОМБА: Ливерпул го соборува рекордот и се засилува со најголемата желба на Клоп

Без оглед на тоа дали Кутињо ќе остане или ќе замине, Ливерпул си обезбеди ново скапоцено засилување, а се работи за фудбалерот на Лајпциг, Кеита. Сепак, тој ќе заигра на „Енфилд“ дури од следната година.

Имено, Ливерпул и Лајпциг се договорија за трансфер на 22-годишниот играч за врска, па тој денес ќе ги минува лекарските прегледи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Црвените“ во овој трансфер го соборија клупскиот рекорд, па Салах повеќе не е најскапото засилување на „Енфилд“ на сите времиња, туку тоа е Кеита за кого ќе се издвојат 48 милиони фунти.

Со овој износ, Ливерпул денес ќе му плати на Лајпциг своевиден „аванс“, но не е познато за која сума станува збор, пренесува Дејли Стар.

Кеита официјално ќе стане играч на Ливерпул од 1. јули следната година, и тоа потади тоа што Лајпциг го сака во своите редови за претстојните натпревари во Лигата на шампионите.

Лајпциг одби неколку понуди од Ливерпул за Кеита, вклучувајќи и една од 66 милиони фунти, токму поради фактот што сакаат да го задржат за настапите во ЛШ, но се чини дека младиот играч за врска ќе го напушти германскиот клуб на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…