Манчестер Сити е спремен на лето да го продаде Бернардо Силва, пренесуваат медиумите на Островот.
Португалецот минатото лето беше блиску до преселба во Барселона, но каталонскиот клуб се откажа од трансферот поради преголемата сума на пари што Сити ја бараше за обештетување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 75 милиони евра.
Најсилен интерес за Португалецот покажува и ПСЖ, кој нема да има проблем да ја плати споменатата сума.
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па Португалецот ќе биде примарна трансфер цел.