Дома Трансфер зона ПСЖ тргнува по ѕвездата на Тотенхем

ПСЖ тргнува по ѕвездата на Тотенхем

Минатото лето многу европски гиганти се „тепаа“ за потписот на Танги Ндомбеле, но на крајот Тотенхем ја доби битката за неговиот потпис.

Ндомбеле пристигна во Тотенхем за 60 милиони евра, но веднаш беше јасно дека ќе му биде потребен подолг период за адаптација во Премиер лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Покетино сметаше на него и му даваше шанса во стартниот тим, но Мурињо го загуби трпението и го „отпиша“ Французинот.

Ндомбеле на последните пет натпревари во Премиер лигата одигра само 63 минути, па медиумите на Островот пренесуваат дека „спарси“ се спремни да го продадат на лето.

Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ, кој и минатото лето покажа интерес за Французинот. Интерес за Ндомбеле исто така покажува и раководството на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…