Дома Топ вести ПСЖ спреми 55 милиони за Донарума

ПСЖ спреми 55 милиони за Донарума

Пари Сент Жермен не се откажува од идејата во своите редови да го донесе голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума.

Според тврдењето на италијанските медиуми францускиот шампион е спремен да понуди 55 милиони евра за италијанскиот репрезентативец.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


ПСЖ долго време е заинтересиран за 20-годишниот голман, но до сега Милан ги одбиваше нивните понуди. Меѓутоа, „светците“ сега се спрмени да ја платат бараната сума од 55 милиони евра.

„Светците“ се во потрага по квалитетен голман, а првата цел на Леонардо е токму Донарума и е решен да преземе конкретни чекори за ангажман на талентираниот Донарума.

Во Париз се надеваат дека понудената сума од 55 милиони евра ќе ги задоволи апетитите на „росонерите“, но прашање е дали самиот голман ќе се согласи на трансфер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Донарума преферира да остане на „Сан Сиро“ и е спремен да потпише нов договор со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…