Дома Топ вести ПСЖ спреми 150 милиони за ѕвездата од Серија А

ПСЖ спреми 150 милиони за ѕвездата од Серија А

ПСЖ е сериозно заинтересиран за Виктор Осимен и веќе почнал да работи на трансферот на ѕвездата на Наполи.

Осимен оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и му ја донесе титулата на Наполи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според информациите претставниците на ПСЖ договориле најголем дел од условите на фудбалерот со неговиот менаџер и наскоро можат да започнат преговорите околу трансфер.

Иднината на Мбапе е неизвесна па ПСЖ сака да доведе нова ѕвезда во нападот и нема да жали пари за да го доведе Осимен.

„Светците“ се спремни да понудат 150 милиони евра, сума која Наполи тешко ќе ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…