Раководството на ПСЖ спрема мега понуда за Пол Погба да да го убеди Французинот да пристигне како слободен агент на лето, пренесува „Дејли Мејл“.
Погба одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, кој истекува на лето, па уште сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Дејли Мејл“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и сака да го донесе на лето како слободен агент.
ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и се спремни на Погба да му понудат плата од 600.000 евра неделно, што другите заинтересирани клубови не можат да си дозволат.
Медиумот тврди дека двете страни се блиску до договор и во моментов „светците“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Paul Pogba is happy to leave his future undecided until the summer as PSG prepare a lucrative package to try and lure him back to France | @SamiMokbel81_DM https://t.co/eMVf8w7EWw
— MailOnline Sport (@MailSport) February 14, 2022